Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Двобојни чоколадни обланди.

Едноставна двобојна обланда, со фил од чоколадо, бисквити и лешници.

Подготовка

Чекор 1: Измелете ги бисквитите, а потоа и лешниците.

Јајцата и шеќерот матете ги додека да добиете густа посветла смеса.

Чекор 2: Во одделни садови растопете по половина од путерот и црното и белото чоколадо. Додека смесата тивко врие истурете по половина од матените јајца со шеќерот. Варете на тивко десетина минути со постојано мешање.

Чекор 3: Добиените кремови оставете ги да се изладат. Потоа во белиот додадете ги мелените лешници, а во црниот мелените бисквити.

Чекор 4: Филот поделете го на два еднакви дела за да ви стигне за сите листови обланда. Корите премачкувајте ги рамномерно, да се пополнат сите празнини. Премачкувајте прво од едниот па од другиот крем, најизменично.

Кога ќе завршите со сите листови обланда, превртете ги и притиснете ги со тежок предмет, убаво да се спојат.

Чекор 5: Во меѓувреме, на пареа растопете чоколадо со една лажица масло.

По половина час, повторно превртете ги обландите и попрскајте ги со стопеното чоколадо.

Кога ќе се стврдне чоколадото, сечете на парчиња по желба и сервирајте.

СОВЕТ: Доколку сакате, пред да почнете со филување, можете да додадете една лажица рум во чоколадниот фил