Испечати

Двобојни кокос обланди

Двобојни кокос обланди

Состојки

  • 300 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 125 гр соино млеко во прав
  • 125 гр маргарин
  • 150 гр кокос
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо

Подготовка

Се зоврива водата со шеќерот и се остава да врие 3-4 минути. Се зема дел од топлиот шербет и во него се раствора млекото, па се враќа во тенџерето со останатиот шербет и убаво се меша на жешка и исклучена рингла. Се додава маргаринот исто така и се меша додека сосема се стопи. На крај се додаваат кокосот и бисквитите и убаво се меша. Смесата се дели на 2 дела. Во едниот се додава стопено бело, а во другиот црно чоколадo. Со светлиот фил се филува обландата за рафаело и врз неа се става половинката лист од обланда. Убаво се потиснува насекаде рамномерно со рацете и потоа се филува со темниот фил. И врз него се става втората половинка од листот обланда. Исто убаво се порамнива и благо притиснува со рацете насекаде, се става некој не многу тежок предмет 15-20 мин да залепи, па се префрла во фрижидер подобро да се здрви. Се сече на штанглички