Двобојна попарена торта
Одвојте ги белките од жолчките.
Од белките и 3 лажици шеќер изматете цврст снег од белки.
Во друг сад, измиксирајте ги жолчките со 3 лажици шеќер, потоа додадете го снегот од белки. Додајте ги 3те лажици брашно, 3 лажици гриз и ренданата кора од лимон и пецивото.
Смесата поделете ја на 2 дела.
Во првиот дел додадете ги 2 те лажици гриз, а во другиот мелените ореви и какаото.
Во тркалезен плех бр. 28 обложен со хартија или намрсен и побрашнет сипете ја кафеавата смеса, сипете го сувото грозје (претходно потопено во рум и исцедено), над сувото грозје сипете ја жолтата смеса.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 мин. Колачот оладете го, исечете го и прелијте го до врелиот шербет претходно направен на вообичаен начин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови