
Гулаш од печурки
Иако нема месо, одличен додаток кон пире од компир...
- Исчистете ги печурките, исечете на половина или четвртина
- Сланината, кормидот и пиперката исечете ги на коцки
- Олупете го доматот, исечете го на долги парчиња.
- Пропржете ја сланината, додадете го кромидот и пиперката, пржете околу 2-3 минути. Додадете доматот, нека се пржи уште 2-3 мин. Додадете ги печурките и пржете околу 5-6 мин.
- Додадете ги црвениот пипер, сол, црниот мелен пипер, павлаката и оставете целото тоа заедно да крчка околу 15-20 мин. На крај додадете го магданосот.
Забелешка
- Ова запишаното е оригинал рецептот, јас само да додадам дека го менувам стално така што ако имам кисела павлака на крај ја додадам и со тоа го згуснувам гулашот.
- Доколку сакате на доматите извадете им ги семките, пожелно е..
Лиценца: Сите права се задржани