Испечати

Гулаш од печурки

Гулаш од печурки

Состојки

  • 1 кгр. свежии печурки-шампињон
  • 75 гр. пушена сланина
  • 1 пиперка
  • 4 врзопчиња млад кромид или 4 главици свеж (тазе) кромид
  • 4 домати
  • 2-3 лажички мелен црвен пипер-благ
  • на вкус сол, мелен црн пипер, сушен зеленчук
  • 1 ракатка магданос
  • 200 мл. павлака за готвење (алтернатива - кисела павлака)

Подготовка

Иако нема месо, одличен додаток кон пире од компир...
 
- Исчистете ги печурките, исечете на половина или четвртина
- Сланината, кормидот и пиперката исечете ги на коцки
- Олупете го доматот, исечете го на долги парчиња.
- Пропржете ја сланината, додадете го кромидот и пиперката, пржете околу 2-3 минути. Додадете доматот, нека се пржи уште 2-3 мин. Додадете ги печурките и пржете околу 5-6 мин.
- Додадете ги црвениот пипер, сол, црниот мелен пипер, павлаката и  оставете целото тоа заедно да крчка околу 15-20 мин. На крај додадете го магданосот.

Забелешка
- Ова запишаното е оригинал рецептот, јас само да додадам дека го менувам стално така што ако имам кисела павлака на крај ја додадам и со тоа го згуснувам гулашот.
- Доколку сакате на доматите извадете им ги семките, пожелно е..