Најпрво се вари шербетот, бидејќи треба да е ладен за полевање на печената баклава. Се ставаат водата, шеќерот и ванилата стапчето да зовријат. Штом зоврие се додава лимонов сок и се вари на умерен оган 15 мин..После тоа се вади стапчето, а се додаваат кругови лимон, сето тоа зависно од вкус.

Во подлабок сад се мешаат оревите, кикиритките и чоколадото.

Се зема една кора, се попрскува по малку од растопениот путер, со четче нежно се премачкува целата површина.
Се става тенка игла за плетење на едно четири прста од почетокот на потесната страна на кората, се преклопува тој дел. Над него се става од филот, по околу две лажици. Појасно се уочува на дополнителните фотографии. И се витка ролатче. Се насобира ролатчето, се згужвува, па се вади од иглата. Краевите се потсекуваат. Се реди во намрсен плех. Така се прави со сите кори.
Одозгора се попрскува повторно со растопен путер.
Се сечи на саканата големина.

Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени околу 35 мин., или додека убаво порумени.

Жешката баклава се полева со ладниот шербет.
Се остава на собна температура додека излади и убаво впие од шербетот. За тоа време неколку пати ги превртувам парчињата, а потоа се покрива и се става комплетно да излади во фрижидер, најдобро преку ноќ и се послужува.

На здравје сладење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани