Гужвана баклава
Состојки
- 500 гр готови кори
- 125 гр маргарин
- 250 гр толчени ореви
- 2 лажици масло
- Шербет
- 500 гр шеќер
- 400 мл вода
- 1 лимон
Подготовка
Подготовка:
1. Се земаат по 2 кори, кои се премачкуваат со стопен маргарин и масло. На втората кора се ставаат толчени ореви . Потоа, се става тенка чиста игла за плетење и се гужва-набира. Се сечат баклавите и се печaт на 200С-35 мин.
2. Штом се олади баклавата се прелива со жежок шербет. За шербетот, шеќерот и водата се зовриваат и вријат на тивко, околку 20 мин. Се додава лимонот и се прелива ладната баклава.