Грејви сос
Грејви сос се подготвува од маснотиите кои ги пушта месото при печење популарен е овај пилешкиот кој го подготвив, но во Англија се спрема и од свинско месо посебно во околината на Јоркшир, одличен вкус и неодолив мирис.
Во огноотпорен сад се ставаат сечкани на крупно зеленчуците, пилешкото, зачините, при што лукот не се лупи, заедно со лушпа оди внатре, се става масло, бело вино. Вака се печи во рерна 45 мин, после се полева со ,,пилешка вода,, во врела вода се става коцката супа да се стопи да прекрива 2/3 од продуктите, се враќа во рерна на 200 уште 45-50 мин.
Следува процесот на ,,сепарација на мастите,, подразбира одделување на маснотиите од соковите кои се создале за време на печењето, за ова е потребен сепаратор, кој јас го немам, па тоа го изведив на поедноставен начин.
Во погоден сад ја сипаме целата течност од садот во кој печевме низ сито. Се остава да отстои 3-4 мин,најгоре ќе испливаат маснотиите како ,,полесни,, се одделуваат со лажица внимателно, а остатокот се соковите. Од зеленчиците се процедува низ сито целосно сокот, тој се додава во соковите. Во нелеплив сад се става маснотијата, да се загрее и се додава брашното, нека пржат заедно 2 минутки, да се добие светла карамел боја, сега во садот се долеваат соковите, притоа постојано мешајќи за да не се создаваат грутки,се вари 1-2 минутки. Се служи топол врз месо па и зеленчук,одличен вкусен,миризлив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Едно советче околу мрснотиите ... кога ќе испливаат на површина можеш да ги собереш со парче леб, кришката леб стави ја на површината и држи ја додека убаво не впие од мрснотијата, ако има потреба сврти и од другата страна или со нова кришка (зависно колку мрснотија има).
И уште една финтица ... со хартија, од оние кујнски брисачи од подебела хартија што се, стави ја само на површина и завршена работа :)