Вкусотијааааа....
Прво го подготвуваме бешамел сосот.
Јас си го приготвив на мој начин, односно на парченце путер и лажица масло запржив 1 лажица брашно, па налеав ладно млеко и јогурт.
Јас исклучиво бешамел подготвувам од мешавина на млеко и јогурт.
Зачинив со сол, бибер и морско оревче.
Излупените компири ги сечиме на танки кругови.
Ги ставаме во касерола со зовриена вода и ги вариме 5 минути.
Водата ја процедуваме
Ги зачинуваме компирите со малку зачин, мешавина на италијански зачини, црвен пипер и бибер.
Ги редиме во огноотпорен сад, кој тенко е премачкан со масло.
Во бешамелот ги ставаме ренданата моцарела и ренданиот кашкавал.
Соединуваме и ги прелеваме наредените компири.
Печиме во загреана рерна околу 45 минути, односно да добиеме убава румена кора.
Во сад без масло запржуваме парчиња панцета, кои ги оставаме врз хартија да им се впие вишокот на маснотија.
Ги редиме врз гратинираниот компир
Нежно посипуваме со перца од млад кромид.
Сервираме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани