Подготовка:

1. Исчистете го карфиолот од надворешните лисја и измијте го добро. Откинете ги цветовите и зовријте во врела вода (во која истуривте малку млеко и сол, за да ја зачувате белата боја). Исцедете го и оставете го настрана.
2. Испржете ја исушената сланина, сè додека не ја пушти својата арома. Растопете го путерот во длабока тава и додадете го брашното и пржете, но внимавајте брашното да не пожолти или да изгори, мора да остане бело, постојано мешајќи. Истурете го полека загреаното млеко и мешајте со жица за матење, за да немате грутки. Варете додека не се згусне. Додадете го зачинот по вкус и ренданата гауда.
3. Во огноотпорен сад, кој малку сте го подмачкале со путер или масло, ставете го исцедениот карфиол, истурете бешамел насекаде, посипете со пржена сланина и посипете со сецкан магдонос врз сланината.
Печете во загреана рерна на 180 ° Ц, околу 35 минути или додека малку не зарумени одозгора.

Изладете и послужете со зелена салата.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани