Испечати

Гратиниран крем компир, со моцарела, кашкавал и бешамел сос

Гратиниран крем компир, со моцарела, кашкавал и бешамел сос

Состојки

  • 500гр компири
  • 500мл бешамел сос
  • 125гр моцарела
  • 150гр кашкавал
  • Масло, сол, бибер, мешавина на италијански зачини
  • Панцета и перца од кромид
  • Бешамел
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица путер
  • 1 брашно
  • по 250мл млеко и јогурт

Подготовка

Вкусотијааааа....
Прво го подготвуваме бешамел сосот.
Јас си го приготвив на мој начин, односно на парченце путер и лажица масло запржив 1 лажица брашно, па налеав ладно млеко и јогурт.
Јас исклучиво бешамел подготвувам од мешавина на млеко и јогурт.
Зачинив со сол, бибер и морско оревче.
Излупените компири ги сечиме на танки кругови.
Ги ставаме во касерола со зовриена вода и ги вариме 5 минути.
Водата ја процедуваме
Ги зачинуваме компирите со малку зачин, мешавина на италијански зачини, црвен пипер и бибер.
Ги редиме во огноотпорен сад, кој тенко е премачкан со масло.
Во бешамелот ги ставаме ренданата моцарела и ренданиот кашкавал.
Соединуваме и ги прелеваме наредените компири.
Печиме во загреана рерна околу 45 минути, односно да добиеме убава румена кора.
Во сад без масло запржуваме парчиња панцета, кои ги оставаме врз хартија да им се впие вишокот на маснотија.
Ги редиме врз гратинираниот компир
Нежно посипуваме со перца од млад кромид.
Сервираме топло.