1. Оревите ги ставаме во блендер и ги ситниме на помали парчиња.
2. Сончогледот и овесните снегулки кратко го блендираме.
3. Во длабок сад ги ставаме оревите, овесните снегулки, сончогледот, циметот, какаото, чиа семето и коосовиот чипс, промешуваме.
4. Во друг сад ги пасираме бананите, го додаваме медот и промешуваме. Бананите и медот ги додаваме во сувите состојки. Промешуваме.
5. Смесата ја ставаме во плех обложен со хартија, ја распределуваме рамномерно. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 30тина минути.
Откако ќе се излади ја раскршуваме на помали парчиња. Одлична комбинација за доручек во комбинација со павлака и овошје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани