Видео рецепт: Гранола
Еве една идеја за доручек кој можете да го направите претходната вечер и на кој ќе му се радувате кога ќе се разбудите следното утро – секако, можете да купите мусли или гранола од продавница, но овој рецепт брзо ќе стане еден од Вашите омилени, а можете да го направите во безброј варијанти.
Состојки
- 270 грама овес
- 300 грама шумски мед
- 40 грама рендан сув кокос
- 100 грама семки од тиква
- 100 грама семки од сончоглед
- 75 грама суво грозје
- 100 грама брусница
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос и Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: Почнете со мешање на сите состојки, освен сувото овошје.
Чекор 2: Загрејте го медот во тава за да стане течен и за да можете полесно да го измешате со смесата за гранола.
Чекор 3: Измешајте го медот со овесната смеса додека да се спојат. Нелепливите Делимано тави Ви овозможуваат лесно да го измешате медот со останатите состојки.
Чекор 4: Ставете ја гранолата во рерна загреана на температура од 160 степени 30 минути. Превртувајте ја гранолата секои 10 минути за состојките да се ипечат рамномерно.
Чекор 5: Извадете ја гранолата од рерна и веднаш ставете го сувото овошје. Оставете ги вкусовите да се измешаат.
Чекор 6: Овде гранолата ја сервираме со кремест обичен јогурт, свежо овошје и малку студено млеко.
СОВЕТ: Гранолата е толку лесна за подготовка и може да се направи во безброј варијанти. Ние уживаме да ја јадеме за појадок, но со неа можете да се насладите и како здрава ужинка или колач навечер. Можете да експериментирате со различни семки, овошје или јаткасто овошје, па дури и зачини како ѓумбир и цимет.
Сега треба да е во ред.
А за време на постите, само прелијте ја со млеко од соја (купено во течност, или растворено според упатството на кутијата, ако е во прав) и имате одличен оброк.