Рецепт од традиционалната германска кујна. Вкусна и богата супа.
Подготовка
Грашакот измијте го убаво и ставете го во едно поголемо тенџере. Налијте 2 1/2л. вода, поклопете со капакот и оставете го преку ноќ да отстои.
Наредниот ден ставете да се вари на умерена температура во истата вода во која стоеше преку ноќ. Ставете го целото парче сланина, ловоровиот лист и мајоранот. Зеленчукот исечкајте го и него ставете го (освен компирите) во тенџерето да се вари. Поклопете со капак и нека се вари околу час и половина.
Додадете ги компирите и оставете да се вари уште половина час. Извадете го парчето сланина, отстранете ја дебелата кожа и исечкајте на мали коцки па вратете ја назад во тенџерето. Доколку сметате дека супата е густа додадете малку вода и оставете да зоврие. Виршлите исечкајте ги на покрупни парчиња и нив додадете ги во супата. Исклучете ја ринглата но оставете го тенџерето на неа, посолете и побиберете по вкус и на крај додадете го исечканиот магдонос.

Откако ќе ги ставам виршлите јас ја исклучувам ринглата за виршлите да не испукаат при вриењето. Супата е врела па тие и на исклучена рингла ќе се сварат а и нема да испукаат.
Оваа супа во германската кујна е попоуларна исто како гравчето во македонската кујна. Вреди да се проба...

Добар апетит! ))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани