Војничко грне
Ова е еден рецепт кој што сметам дека е зимски. Спој на вкусови, кои ветува прекрасен ручек.
Да почнеме да го подготвуваме.
Месото го сечеме на коцки. Кромидот и лукот ги сецкаме и ги запржуваме на масло во вок тава. Во тавата го додаваме месото и пржиме на тивко. Зачинуваме. Додаваме компир, морков, ситно сецкан магдонос и благо промешуваме.
Се додаваат и печурките. Ако сакате, по вкус, додајте ги сливите и кајсиите. Ако не и не мора. Врз цела смеса посипете лебни трошки и доматно пире. Оставете да се попржи две-три минути се додека лебните трошки не го впијат сокот од зеленчукот. Полејте со 500 мл. вода и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие префрлете го во грне и на површината искршете едно парче кашкавал. Поклопете со капачето и ставете да се пече во претходно загреана рерна.
Војничково грне нема да ви даде да станете од масата. Налејте си и чаша црвено вино и уживајте во вкусот. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А со самиот сад го знаеш вкусот :)
Верувам Наде дека веќе си изреагирала за пропустите во состојки...го пишувам ова за секој случај...