Испечати

Војничко грне

Војничко грне

Состојки

  • 200гр пилешки стек
  • 250 гр свинско филе
  • 200гр димено свинско
  • 100 гр сланина на коцки
  • 300 гр печурки
  • 100гр кашкавал
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1чешне лук
  • 1 компир
  • 1 лажица зачин мешан
  • 2 лажици лебни трошки
  • 1/2 китка магдонос
  • 200 гр доматно пире
  • 500мл вода

Подготовка

Ова е еден рецепт кој што сметам дека е зимски. Спој на вкусови, кои ветува прекрасен ручек.
Да почнеме да го подготвуваме.
Месото го сечеме на коцки. Кромидот и лукот ги сецкаме и ги запржуваме на масло во вок тава. Во тавата го додаваме месото и пржиме на тивко. Зачинуваме. Додаваме компир, морков, ситно сецкан магдонос и благо промешуваме.
Се додаваат и печурките. Ако сакате, по вкус, додајте ги сливите и кајсиите. Ако не и не мора. Врз цела смеса посипете лебни трошки и доматно пире. Оставете да се попржи две-три минути се додека лебните трошки не го впијат сокот од зеленчукот. Полејте со 500 мл. вода и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие префрлете го во грне и на површината искршете едно парче кашкавал. Поклопете со капачето и ставете да се пече во претходно загреана рерна.
Војничково грне нема да ви даде да станете од масата. Налејте си и чаша црвено вино и уживајте во вкусот. На здравје.