Стар рецепт, овие слатки се од типот на zаборавените слатки...
 
1. Квасецот растворете го во млакото млеко.
2. Во брашното се ставаат сите останати состојки, се додава млекото со растворениот квасец  и замесете тестото. Оставете да стаса.
3. Кога е стасано се премесува. Од тестото се зема парче тесто поголемо од орев, се расплескува на раката, се става од филот. Се собира тестото околу филот притоа набирајки го и се стиснува со прстите лесно веднаш испод наборот, да добиете форма налик на торбичка.
4. Оставете уште малку да одстојат.
5. Се печат на 180-200 степени. Извадете од рерната и посипете ги со прав шеќер.

ФИЛ
1. Јабоката изрендајте ги,  додадете шеќерот, оревите, кората од лимон, циметот, ванилите и измешајте.

Забелешка
- филот може да ви биде по желба - каков сакате фил да направите, но овој е фантастичен.
- Јас ретко да го менувам филот - основата секогаш рендана јаболка, а си додавам освен ореви и суво грозје. Циметот, ванилата и лимонот ми се обавезни, но секогаш месам половина од рецептот.
- Од вака запишаниот рецепт изелгуваат околу 50 торбички, а може и повеќе, зависи која големина ги правите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани