Да признаам овој рецепт е од летото, произлезе едно утро кога се мислевме што да појадуваме, а имавме две три малечки лепчиња, па реков да му направам нешто интересно на моето синче.

Најпрво на загреано тавче ја пржеме сланината, која ние исецкана на ситни парчиња, додаваме малку и од буковката. Откако ќе се испржи ја тргаме на страна во чинија и во маслото ги додаваме сите зачини заедно со сусамот и ги ставаме лепчињата да се потпечат малку од двете страни. Потоа и нив ги тргаме на страна за да може се' уште во истото тавче да ги испржиме двете јајца.
Јајцата ги пржиме на око, прво од едната страна па го вртеме од другата страна да не биди многу течно.
Внатре во лепчето ставаме од пржената сланина, го ставаме јајцето и го поклопуваме лепчето со горниот дел.
Пробајте, превкусни се....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови