Вкусни сендвичи со сланина
Состојки
- 2 мали округли лепчиња за сендвич
- 300 гр сланина
- 2 јајца
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 2 лажички буковска пипер
- 1 лажичка мајчина душица
- 2 лажички сусам
Подготовка
Да признаам овој рецепт е од летото, произлезе едно утро кога се мислевме што да појадуваме, а имавме две три малечки лепчиња, па реков да му направам нешто интересно на моето синче.
Најпрво на загреано тавче ја пржиме сланината, која ни е исецкана на ситни парчиња, додаваме малку и од буковката. Откако ќе се испржи ја тргаме на страна во чинија, во маслото ги додаваме сите зачини заедно со сусамот и ги ставаме лепчињата да се потпечат малку од двете страни. Потоа и нив ги тргаме на страна за да може во истото тавче да ги испржиме двете јајца.
Јајцата ги пржиме на око, прво од едната страна па ги вртиме од другата страна да не биде многу течно.
Внатре во лепчето ставаме од пржената сланина, го ставаме јајцето и го поклопуваме лепчето со горниот дел.
Пробајте, превкусни се....