Вкусни пресолни пиперки
Мојата вечера денес, ме инспирираше да ви ја преставам.
Ако воопшто се нарекува некој си рецепт...хахахха ...ајде да ви го кажам.
Многу од пријателите не ги сакаат пресолните пиперки, но јас уживам во нивниот вкус. Заради тоа што сезоната полека им мине, решив да си дозволам уште некој оброк од нив.
На даска за сецкање ги исецкав пиперките и ги ставив да се пржат на тивок оган. Масло се става од прилика, колку сакате да биде намастена тавата. Јас не ставив многу, зашто Делимано вок тавите се прекрасни, па имам заштеда на зејтинот.
Откако ќе се заруменат пиперките, ги додавам јајцата и промешувам да се соединат со пиперките. Не зачинувам со ништо, заради тоа што се доволно солени, а и нивниот киселкаст вкус не ми дозволува да експериментирам со зачини...
Мојов таканаречен рецепт е едноставен, ама јас многу го сакам...
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Дете растено со баба ...хахах :)
А за гостите..праќај во секое време, и онака вака подготвени ги јадеме само јас и мажот ми :)