На пиперките се засекува дршката и пиперката се засекува со оштро ноже за да може пресолта да навлезе. Се спрема пресолта (солилото), се става во подлабок сад каде ќе собере 10 литра вода, 1/2 лирот оцет алкохолен, убаво се измешува и се додава солта. Откако ќе се раствори солта пиперките и доматите, се редат во сад кои вие ќе го одредите. Обично сега ставаме во пластични буриња, а ако некои има дрвено за зимница слободно нека си стави. Се налеваат чушките.
Малку од пресолта оставете ако сакате да растворите винобран и растворете го па налејте го и тој. Вака налеани пиперките и доматите (за кои некажав, а сигурно секоја домаќинка знае, ги засекувам на 4 дела) се оставаат со др.зимница да ферментира и да почне да се конзумира во зимните месеци.

Лиценца: Сите права се задржани