
24
мај
2016
Виршли во кифли
Подготовка
Се замесува тестото со млако млеко. Се остава да стаса да се дуплира. Се размесува и се дели на околу 18 парчиња кои се формираат во топчиња. Ги покриваме со крпа и ги оставаме повторно да стасаат . Виршлите ги лупиме од обвивката. Секое топче го расукуваме го сечеме со три ленти до половината, на почетокот ставаме виршла и го виткаме како кифла. Кога ќе ги направиме сите кифли ја вклучуваме рерната да ни се грее на 230 степени. За тоа време ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам и додека се загрева рерната ги стасуваме. Ги печеме додека да поруменат.
Забелешка
Кремвишлите беа со парченца кашкавал низ нив, што се гледа и на фотографија.