8
јун
2021
Лиснати кифли со виршли
Едноставен, брз и вксусен појадок подготвен за час. Со чаша јогуртги снемува за кратко време.
Подготовка:
1. Смрзнатото готово лиснато тесто го вадиме за да одмрзне сосема.
2. Виршлите ги сечеме на мали парчиња, секоја на 4 парчиња.
3. Со сукало на набрашнета површина расукуваме кора. Кората ја сечеме на 24 квадрати.
4. Секој квадрат на едната страна го засекуваме на две места, но не до крај. На другиот крај од квадратот ставаме парче од виршлата и замотуваме . Кифлите се редат на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 220 степени 5 минути, а потоа уште 10 минути на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови