Винички падобранци
Овие нашки падобранци- Винички
Овојпат и грубо и ситно мелени ореви, а со нив имав неуспешен обид да ги заличам на Макаронсите од ЛилиН... ама нема шанса... овде сакав да ставам крупно мелени ореви само заради тоа фамозно столче што се формира кај макаронсите и заради тоа сега ја немаат мазната но напуката површина..
Постапка
1. Вклучете ја рерната на 120 степени.
2. Одвојте ја белката од жолчката.
3. Изматете ги белките во цврст снег постепено додавајки го шеќерот и лимоновиот сок. На крај сосема лесно измешајте ги оревите.
4. Плехот во кој ќе печете поставете хартија за печење, со мало лажиче вадете од смесата и редете во плехот на мала оддалеченост. Ставете ги да се печат, повеќе сушат некаде околу 30-40 мин. Рерната за тоа време не смеете да ја отворите. Печени извадете и оставете да оладат.
Фил
- Сите состојки заедно со миксер матете да се добро спојат.
- Со добиениот фил лепете две по две од падобранците.
Забелешка
- од оваа смеса се добиваат повеќе на број падобранци, затоа слободно работете со половина мера.
- Многупати во недостиг на ореви, ставам мешавина од орев и кокос и тоа 3 дела ореви 1 дел кокос.
- Филот е во оригинал запишан како што стои во нотесот, но јас жолчките ги варам на пареа, ги додавам во добро уработениот маргарин со шеќерот и ванилата.
- За жал, немам добри снимки... се надевам нема да замерите..
Лиценца: Сите права се задржани
Na cela rabota sto ja imam doma, ja prebarav tetratkata od pred "skoro 100 godini", i imame identicen recept :))))
Odamna viziti ne cekam i ne pravam padobranci, ama so golemo zadovolstvo ke gi gledam slikite od tvoite :)
1. Со лажиче ако се ставаат вака ќе дојдат прецизно тркалезни?
2. Сами си ја оформуваат таа бела „глазура“ ?