1. Од помалата страна на жолтиот лист отсекуваме 10 сантиметри. Со остатокот правиме конус. За да може конусот да стои основата ја рамниме така што отсекуваме малку( колку што е потребно за да стои ). Тоа ќе ни биде телото на кокошката
2. Од црвениот лист од поголемата страна сечиме две ленти широки по 1 сантиметар. Лентите ги виткаме како хармоника. сечиме и два круга со дијаметар од околу 2 цм. На по еден крај од лентите како хармоника лепиме по еден круг. Слободниот крај( каде што нема круг ) го лепиме за долната страна од внатрешниот дел на конусот.
3. Од црвениот лист отсекуваме 2 ленти широки 1,5 цм , едната долга 7 цм, а другата долга 4 цм. лентата која е долга 7 цм нежно ја преклопуваме колку да ги залепиме двата краја еден со друг. Ја лепиме на конусот на местото за клун. Од другата лента по 1 цм од двете страни го свиткуваме и тој дел го сечиме како триаголник. Овој дел го лепиме на горниот крај од првата лента која веќе ја имаме залепено за телото од кокошката.
4. Исто така од црвениот лист правиме и две исти кикиришки кои ги лепиме една со друга при тоа оставајки го средишниот дел слободен за да може да се стави врз врвот од конусот.
5. Од белиот лист правиме очи, кои ги боиме со црн фломастер, ги лепиме на местото за очи. Од него правиме и 2 симетрични крила и нив ги лепиме за телото. Исто така од белиот лист се сечат и 3 ленти со иста должина и ширина. Нивните краеви ги виткаме. Слободните краеви ги лепиме едно врз друго и потоа сите заедно ги лепиме на задниот долен дел од телото на кокошката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани