По повод најголемиот празник во годината Велигден, се одлучив за варијанта на торта со вкус на лешници и ванила. Комбинација е од 2 торти, каде секако оставам и свој печат. Направена со многу љубов и внимание.

1. Корите се припремаат стандардно. Во сад на страна се мешаат сувите состојки до изедначување.
Се матат јајцата со шеќер, се додава врела вода во нив, постепено се става од сувите состојки. Притоа се меша без миксер (најдобро со дрвена лажица). Стандарден плех од електричен шпорет се обложува со хартија и готовата смеса се излева во него. Се пече на 200 степени. Времетраењето беше 15 минути, но секако тоа зависи од рерната. Се припремаат две вакви исти теста на ист начин. Ладни се пресекуваат на половина по ширина. Така ќе се добијат 4 теста во правоаголна форма.
2. Филот се започнува со припрема за варење на пудинзите. Млекото се става на оган со шеќер, се става еден дел ладно млеко (околу 300гр,) за да се измеша со прашокот за пудинг, се вари густ крем пудинг и при крај се ставаат ванилите. Мојот удел тука се однесува на куркумата. Ја додадов сакајќи да добијам интензивна жолта боја и не погрешив. Се покрива со фолија за свежо за да се излади. Во сад се мати 400мл.хопла. Се става во фрижидер се додека не се изработи пудингот со путер. Ладен пудинг се спојува со путер, во него се додаваат 5-6 лажици од изматената хопла (млечна слатка павлака) и есенција од ванила. Остатокот хопла се користи за изработка на вториот фил.
3. Го затоплуваме млекото, во него ги додаваме ванилите. Секоја кора се попрскува со врелото млеко.
4. За вториот фил ни е потребно уште рендано чоколадо, растопен желатин. Во вода на тивок оган, млако се става во вториот фил. Двата фила ги делиме на три дела,со тоа што се остава помал дел од жолтиот фил (првиот фил) за околу тортата, а од вториот фил малку за најгоре.
5. Секоја кора ја премачкуваме со првиот фил, а над него ставаме по малку од вториот фил.
Најгоре се завршува со вториот фил, а странично со првиот.
6. За ганаш, на тивок оган,  се топи чоколадо во млеко. Се остава малку да се излади и згусни. Јас ја потурав глазурата ганаш странично. Украсете по избор доколку сметате дека има потреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови