- Морковот излупете го, исечете на поголеми парчиња, измешајте со масло, сол и бибер, ставете да се потпечи во рерната на 220 степени околу 20 мин.
- На останатото масло ставете да се пржи исецканиот кромид, по краткото пржење додадете ги семките од ким и коријандер. Промешајте, го додавате морковот, пак кратко се заедно да се пржи, потоа додадете го исцедениот наут, промешајте, исто така пржете се заедно околу 1-2 минутки. Најпосле додавате дел по дел од блитвата - пробкувајте, потоа залијте со водата. Нека крчка на тивко. Готово е кога сосот е доволно густ. Тргнете, додадете малку од јогуртот кој сте го разматиле со истискан сок од лимонот. Размешајте, а при служењето во секој тањир додадете по малку од јогуртот, домелете по малку повторно од биберот.
Одличен рецепт за вариво, јас можам секој ден да го јадам и нема да ми досади.
Напомена- Доколку не сакате да печите на горештиниве од морковот, тогаш можете да го спремите на во тавка на рингла како што се спрема глазираниот морков.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани