![Вариво со грашок и телешко месо](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/03/2-14-263793-800x614.jpg)
27
мар
2021
Вариво со грашок и телешко месо
1. На загреаното масло го пржиме ситно сецканиот кромид и морков. Телешкото месо го сечеме на поголеми парчиња и него го ставаме во тенџерето. Промешуваме, додаваме сол, бибер, зачин, излупен и исецкан домат и хариса паста. Промешуваме, поклопуваме и оставаме да крчка на многу тивко, околу 1 час, односно додека ни си остане на мрсното, а течноста не испари.
2. Сега на кратко тргаме од оган и додаваме течност, отприлика околу 700 мл. Вариме на тивко околу 20- 30 минути. Сега додаваме грашок, сецкан компир и магдонос. Промешуваме и готвиме на тивко околу 30 минути.
Сервираме превкусен ручек
Лиценца: Сите права се задржани