25
сеп
2014
Ванилни пржени лепчиња
Во сад разматете ги јајцата, додајте го млекот, циметот, естрактот од ванила и ако сакате морско оревче. Загрејте го маслото во тава на средна температура. Францускиот леб расечете го на кришки а ако употребувате друг леб 8 кришки ќе ви бидат доволни. Убаво натопете ги кришките во јајцата од сите страни. Додајте ги кришките во врелото масло. Додека ги пржете, вртејте ги од двете страни додека не поруменат или по 2 минути од секоја страна.
Послужете ги со омилените мармалад и слатко,чоколаден прелив,шеќер во прав или по желба.
Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани