11
авг
2014
Ванилици во летен мотив
Од сите состојки се меси глатко тесто и се остава во фрижидер 1 час.
Потоа тестото се развлекува на набрашнета работна површина и се вадат форми со калапче по желба.
Се печат на 180С 5-6 минути, при што се внимава да останат бели.
Кратко време после печење се оставаат да изладат, па се вадат од плехот.
Во зависност од формата и желбата се лепат со мармалад и се посипуваат со шеќер во прав.
Можат долго да стојат во добро затворена кутија за колачи. Колку повеќе стојат, толку се помеки и повкусни за јадење.
Лиценца: Сите права се задржани
Mi se dopaga sto gi mesas svinskata mast i margarinot,da ne bidat jaki mnogu.