21
дек
2012
Бушав колач
Во длабок сад изматете ги жолчките со 4 лажици шеќер. Додајте го маргаринот(претходно омекнат), пецивото и брашното и замесете тесто.
Поделете го тестото на 2 дела. 1/3 од тестото ставете го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер. Другиот дел од тестото расплескајте го во правоаголен плех и потпечете го кратко.
Во меѓувреме изматете ги белките со 250 гр,шеќер, додајте го мармаладот и оревите и убаво промешајте.
Подзапечената кора извадете ја нанесете ја изматената смеса и најодозгора изрендајте го делот од тестото отстоен во фрижидер и ставете го колачот да се пече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови