Бумбар меки кифли
Брзи, меки кифлички, кои се дебелки и личат на бумбари.
Во млакото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно. Убаво се промешува и нека втаса квасецот.
Сега постепено се додаваат солта, маслото, јајцето, јогуртот, брашното.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива со чиста крпа и нека кисни 15 минути, потоа се дели на 8 топки.
Секое топче се расукува во мала коричка.
Се редат на 2 места по 4 корички.
Значи по 3 се премачкуваат со маргарин, а четвртата не се мачка.
Се зема првото купче и се сучи правоаголна форма.
Се дели со нож на половина, потоа од двете половини се сечи на триаголници.
Се виткаат кифли и се редат во ростер тава. Исто така се постапува и со второто купче тесто.
Се премачкуваат со изматено јајце, киснат уште 15 минути и се печат 25 минути на 200 степени
Лиценца: Сите права се задржани