19
сеп
2015
Бумбар ќофте
Фантот се раствора во 70 мл. вода и се остава 5 минути, потоа се додава на месото, исто така се додава и половина од оризот. Од смесата се формираат ќофтиња.
Ќофтињата се пржат во загреано масло, се вадат настрана за малку, потоа во истото масло се пржи ситно исечканиот кромид, се додаваат и морковите. Откако ќе се пропржат морковите и кромидот се додаваат доматите, виното, 1 чаша вода и на крајот зачините. Ќофтињата се враќаат и се додава останатиот ориз. Се готви на тивок оган додека се свари оризот и морковите.
По потреба се додава вода.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови