16
дек
2021
Брускети
Брзо и вкусно мезе.
Подготовка:
1. Багетот го сечиме на парчиња со дебелина од 1,5 цм. Од двете страни го премачкуваме со четче натопено во маслиново масло. Ги редиме во плех кој е обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени неколку минути ( додека да поруменат ).
2. Направив неколку различни брускети. Mерките на состојките се отприлика. Врз дел од лепчињата премачкав со песто и ставив сецкани смокви и брусница. Врз други ставив рендан кашкавал, горгонзола и шери доматчиња , пресечени на пола. Останатата комбинација ја направив со рендан кашкавал, горгонзола и сецкани смокви. Брускетите ги враќаме во рерна и печиме уште 4-5 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Често ги подготвувам со горгонзола и свежи смокви
Тааа комбинација ми е топ