Брускети од варен ѓеврек
Доколку сте љубители на брускети ова ви доаѓа како нивна домашна верзија во посно издание.
1. Ѓеврекот се сече на тркалца со дебелина од 5 мм.од прилика. Јас имав подготвено два премази, еден со масло и буковска пипер и вториот со мајонез и сенф како основа врз која ќе се налепи сусам.
2. Секое парче се премачкува од двете страни со силиконско четче, сакате од премазот со пипер или од вториот премаз. Јас ги припремив по половина од двата.
3. Парчињата со првиот премаз само оставете ги во плех врз хартија за печење, а вторите со другиот премаз.
4. Потоа се валкаат во сусам па се редат во плехот. Рерната се загрева на 120 степени и се сушат, 30-40 минути додека станат крцкави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови