Испечати

Брускети од варен ѓеврек

Брускети од варен ѓеврек

Состојки

  • 1 варен ѓеврек
  • премаз 1
  • 1 лажица буковска пипер, малку сол
  • 3 лажици масло
  • премаз 2
  • 2 лажици посен мајонез
  • 1 лажица естрагон
  • 1/8 лажиче мед
  • 1 мало лажиче сок од цеден лимон
  • 50гр. сусам

Подготовка

Доколку сте љубители на брускети ова ви доаѓа како нивна домашна верзија во посно издание.

1. Ѓеврекот се сече на тркалца со дебелина од 5 мм.од прилика. Јас имав подготвено два премази, еден со масло и буковска пипер и вториот со мајонез и сенф како основа врз која ќе се налепи сусам.

2. Секое парче се премачкува од двете страни со силиконско четче, сакате од премазот  со пипер или од вториот премаз. Јас ги припремив по половина од двата.

3. Парчињата со првиот премаз само оставете ги во плех врз хартија за печење, а вторите со другиот премаз.

4. Потоа се валкаат во сусам па се редат во плехот. Рерната се загрева на 120 степени и се сушат, 30-40 минути додека станат крцкави.