Бротшен (Brötchen)
Прочуените германски лепчиња конечно во моја изработка. Од надвор крцкави, од внатре меки памук. Толку ги сакам што еднаш кога бев Германија на шетање единствено нешто што донесов со мене и тоа во рачен багаж беа 4 вакви Бротшен хахаха
Малку има тинтрање ама вреди за денот што ќе се помини со нив.
Моето искуство со сувиот квасец е запрепастувачко кога се работи за тесто, па како и така една половинка свеж мораше да се искористи, користев свеж. Иначе, изворниот рецепт вели сув.
Значи, во садот за месење се истура 300 мл млака вода, се става шеќерот и се рони квасецот. Се меша убаво и се покрива со стреч-фолија да надојди квасецот 15 минути.
Потоа се додава останатата вода и половина од брашното (250 гр) и убаво се меша со помош на дрвена лажица.
Повторно се покрива со фолијата и се остава еден час тестото да нарасне и да се формираат многу дупчиња и шуплини.
Потоа се додава солта и останатото брашно и повторно се меша со лажица додека се соедини, па на многу малку набрашнета работна површина се истура и се меси со помош на шпатула на почетокот. Бидејќи е многу лепливо во почетокот се додава многу по малку брашно и со алатката се меси од надвор кон внатрешноста. Чинам дека можеби овде и миксер би завршил работа (ќе пробам следниот пат).
Тестото откако ќе се помачите во почетокот полека, полека ќе почни да си ја зазема формата. Тогаш е потребно да се меси 10на минути при што повремено можи и да го удирате силно од работната површина.
Кога е готово, се враќа во садот во кој се месеше претходно намрсен со масло, а потоа и тестото насекаде околу. Се покрива повторно со стреч фолија и се остава уште еден час.
Рерната ја пуштаме да се загрее на 230С.
Тестото потоа благо се размесува и се дели на 12 дела или можи да си ги мерите парчињата да ви тежат 60, 80 гр.
Секое делче се обликува во топче. Топчето прво го расплескуваме со раце како за кифла без многу да ги гмечиме краевите и потоа го роламе како кифла, при што на секое виткање краевите ги пикаме на внатре за да се добие обликот кој е потребен.
Оформеното лепче го дотеруваме малку, па така сите ги редиме во плех оддалечени меѓу себе. Ги покриваме да не се сушат.
По 10 минути, во рерната на најдолната решетка ставаме плех.
Доколку немате уште еден плех, решетка и сл, тогаш ставете некоја тепсија на дното на рерната.
По 5 мин ставете жешка вода во плехот.
Лепчињата по правило треба да се прскаат со пумпица со вода, но како немав време да се снаоѓам со таа опција, јас ги премачкував со четка. Со неа 2 пати прснав и општо насекаде.
Ги ставаме во рерна да се печат.
По 10 минути се отвора рерната и повторно се мачкаат со вода, а плехот се завртува.
Се печат уште 10 минути, се вадат и не се покриваат со ништо.
Добро е да ги искористите истиот ден. Доколку пак мора да преноќат, тогаш чувајте ги во хартиена ќеса за да се задржи она кое ги прави такви какви што се.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови