За чоколадната коричка
Се топи белото чоколадо со маслото. Се земат силиконски калапчиња и се премачкуваат со еден слој од чоколадото, ама само по ѕидовите и дното. Се стават во фрижидер да стегнат, па постапката се повторува уште еднаш.
Во меѓувреме се прави полнењето, сите состојки се стават во сад и се стават на оган да се стопат, се меша постојано се додека карамелите не се стопат и не се соединат со павлаката и не се добие густ крем. Се земаат калапите се полнат со филот, но не до горе за да има простор да се прелијат со чоколадо (да се затворат). Се ставаат калапите во замрзнувач и се оставаат 2-3 часа да се стегнат убави, па се вадат пралините од калапите. Не успеав да ја сликам постапката, но се надевам дека на следното правење ќе го направам тоа и ќе ставам додатни фотографии. Од оваа доза излегуваат 30 колачиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани