Бригадеиро пралини
Ставете го на умерен, потивок оган млекото и додадете го маргаринот. Мешајте цело време додека се растопи маргаринот, па додадете го иситнетото чоколадо и повторно мешајте додека стани хомогено. На крај, додадете го и прашокот за топло чоколадо. Убаво измешајте. Треба да добиете смеса со густина на еурокрем. Тргнете го садот од шпоретот и вмешајте ги лешниците.
Калапите за пралини по 3 пати премачкајте ги со чоколадо, па филовајте ги со смесата и на крај затворете ги повторно одозгора со стопеното чоколадо.
Смесата ви препорачувам да ја филовате млака, да не е жешка и да го топи ѕидот од чоколадо, но и да не излади скрос, бидејќи има тенденција да станува поцврста.
* Бригадеиро се бразилски колачи, а овие се прилагодени на мој начин -)
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку пралините преубави, и за око и за вкус :)
Бригадеиро всушност и во топчиња треба да е, ама јас си поиграв малку на мој начин... додадов уште нешто во состав и решив да спаковам во чоколадо ;) Кога сме кај чоколадото и розевата боја, таа беше случајно додадена на крај, а за да се обои, решив да додадам екстракт од боровинка :) па оние кои сакаат малку киселкаст вкус (а тоа децата најмалку веројатно хехе) ќе се задоволни. Инаку, конечно во Велес зачекав по случајност чоколада какво што Дани употребува а имаат убава бела боја, па откако ги исликав на бела чинија, увидов дека е добро и некоја салфетка одоздола да се вметни хехехе...