Од составот за фил се прават познатите бригадеиро бомбици. Овој пат решив да направам мини торта со палачинки, со банана-чоколаден вкус.

Подготовка
1. Се двојат жолчките од белките. Белките ги матиме со прстофат сол, да се волуменизираат во цврст снег.
2. Жолчките ги матиме па им додаваме брашно во кое сме го промешале пецивото и млеко. Со шпатула ги додаваме белките постепено, за да ни се направи воздушеста смесата.
3. Печеме на нелеплива намрсена тава, на средна температура.
4. Од смесата ставаме во тавчето и бидејќи е густа со лажицата ја распоредуваме во круг, со големина по желба. Ги печеме од едната и од другата страна. Од оваа смеса ми излегоа 7 палачинки.
5. За филот какаото го раствораме со малку вода и интензивно го мешаме со вилушка до соединување.
6. Во тенџере ги ставаме какаото, кондензираното млеко и путерот. Загреваме на средна температура со постојано промешување додека да згусне смесата (кога ќе повлечеме по дното да се прави пат).
7. Секоја палачинка ја премачкуваме со чоколадниов фил и редиме врз него кругови од банана. Филуваме по желба.

Забелешка
Чашата е од 240 мл