Испечати

Бригадеиро пралини

Бригадеиро пралини

Состојки

  • 140 мл засладено кондензирано млеко
  • 1 лажица маргарин (околу 35 гр)
  • 50 гр чоколадо
  • 3 лажички прашок за топло чоколадо (можи и чоколадо во прав)
  • 40 гр потпечени и крупно мелени лешници
  • 200-250 гр чоколадо за премачкување на калапите + 3 или 6 лажици масло

Подготовка

Ставете го на умерен, потивок оган млекото и додадете го маргаринот. Мешајте цело време додека се растопи маргаринот, па додадете го иситнетото чоколадо и повторно мешајте додека стани хомогено. На крај, додадете го и прашокот за топло чоколадо. Убаво измешајте. Треба да добиете смеса со густина на еурокрем. Тргнете го садот од шпоретот и вмешајте ги лешниците.

Калапите за пралини по 3 пати премачкајте ги со чоколадо, па филовајте ги со смесата и на крај затворете ги повторно одозгора со стопеното чоколадо.
Смесата ви препорачувам да ја филовате млака, да не е жешка и да го топи ѕидот од чоколадо, но и да не излади скрос, бидејќи има тенденција да станува поцврста.

* Бригадеиро се бразилски колачи, а овие се прилагодени на мој начин -)