Брз колач со јагоди (без печење)
Вкусен, лесен колач и за подготовка и за јадење.
Подготовка:
1.Во 500 милилитри вода се додаваат 100 грама шеќер. Се остава да се топли додека се растопи шеќерот. Потоа се додаваат измиените јагоди. Треба да вријат во водата 3 минути.
2. Двата пудинзи од ванила, со 3 лажици шеќер и 10 лажици вода се мешаат и се додаваат кон јагодите, се меша додека да згусне смесата околу 3 минути. Вака го добиваме овошниот крем.
3. Во еден сад, 20 на 35 сантиметри, се редат бисквити. Врз нив се истура половина од топлиот овошен крем. Врз него редиме уште еден ред бисквити. Врз нив втората половина од овошниот крем .Се остава на страна да олади.
4. Се мати шлаг пената според упатството и се нанесува врз оладениот колач
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови