18
дек
2013
Брз колач со ванила
Најпрво намастуваме тепсија или плек со маргарин и брашно, потоа почнуваме со спремање на тестото.
Прво се матат јајцата со шеќерот, а после постепено се додаваат и другите состојки. Откако ќе се измати пола од смесата истурме во тепсијата и печеме на 180 степени 5 минути.
За тоа време го подготвуваме пудингот. Во 500 милилитри млеко ги ставаме растворените пудинзи со шеќерот и ванилата. Ја вадиме тепсијата и го истураме врз кората врелиот пудинг, па го додаваме и останатото тесто и печеме до крај.
Околу 20 минути на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови