Испечати

Брз колач со ванила

Брз колач со ванила

Состојки

  • Тесто
  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици брашно
  • 15 лажици масло
  • 15 лажици млеко
  • 2 пакетчиња ванила
  • 1 пециво
  • 2 пакетчиња ванила пудинг
  • 500 милилитри млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванила

Подготовка

Најпрво намастуваме тепсија или плек со маргарин и брашно, потоа почнуваме со спремање на тестото.
Прво се матат јајцата со шеќерот,  а после постепено се додаваат и другите состојки. Откако ќе се измати пола од смесата истурме во тепсијата и печеме на 180 степени 5 минути.

За тоа време го подготвуваме пудингот. Во 500 милилитри млеко ги ставаме растворените пудинзи со шеќерот и ванилата. Ја вадиме тепсијата и го истураме врз кората врелиот пудинг, па го додаваме и останатото тесто и печеме до крај.
Околу 20 минути на 180 степени.