4
дек
2021
Брз доручек
Ова кај нас беше доручек, но толку заситува што може да биде и ручек. Потребни се две тортиљи за двајца. Готово беше за 15мин.
Подготовка:
1. Се става едната тортиља во сад со малку масло, да се затопли на рингла. Врз неа се крши едно јајце, се ренда кашкавал по желба, сирење по желба, колку сакате. Сето ова се меша директно врз тортиљата со вилушка.
2. Потоа се ставаат кругови домати, варена пченка, мортадела и се преклопува на половина (види слика). Се поклопува и се пржи на тивко од двете страни. Се сервира со варена пченка,марула. Брзо едноставно и вкусно.
Лиценца: Сите права се задржани