Овие хранливи мафини многу заситуваат и претставуваат одлична ужинка која можете да ја понесете со себе и да Ви даде енергија – Овде белото брашно го заменивме со непросеано брашно и овес кои Ви даваат ужинка полна со енергија потребна за напорните работни денови.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 50 грама обично брашно
  • 50 грама непросеано брашно
  • 25 грама овес
  • 50 грама шеќер во прав
  • Една ипол кафена лажичка прашок за пециво
  • Малку сол
  • 80 милилитри млеко
  • 30 милилитри растително масло
  • 1 јајце
  • Семе

Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Измешајте ги состојките заедно. Просејте го непросеаното брашно. Така од брашното ќе ги одвоиме семето и зрната, кои подоцна ќе ги ставиме врз мафините.

Чекор 2: Ставете ги и течните состојки и полека мешајте со лажица. Клучно за правењето мафини е да не се претерува со мешањето.

Чекор 3: Намачкајте го калапот за мафини со путер и потоа со лажица сипете иста количина од смесата во секоја дупка.На крај, врз секој мафин попрскајте малку семе од нерпосеаното брашно.

Ставете ги во рерна загреана на температура од 200 степени 20 минути.

Чекор 4: Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат, а потоа извадете ги од дупките.

Чекор 5: Сервирајте ги мафините топли од рерна со уште малку семе и мед одозгора.

СОВЕТ: Ако немате многу време наутро, зошто да не ги направите овие мафини во недела навечер и да понесете неколку со себе на работа или на училиште. Тие ќе Ви дадат повеќе енергија отколку белите пецива од пекара.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет од 5 калапи
http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/10/fantasia-5-kalapi.jpg

>