Брзи палмиерс со цимет шеќер
Подготовка
1. На набрашнета површина исучете го тенко лиснатото тесто.
2. Имате две опции. Едната е да го премачкате со јајце, а другата без. Кај мене е без.
3. Купете неколку ќесички цимет шеќер или едноставно измешајте шеќер со цимет. Врз тестото обилно облепете со него насекаде.
4. Ролајте го од двете страни додека не стасате до средината. Така заролано ставете го на рамна подлога и потоа во замрзнувач додека благо оцврсти, но не да замрзни (за да можи полесно да се сечи).
5. Потоа сечете тенки парчиња од околу половина см. Парчињата редете ги во плехот од рерната обложен со пек-хартија и печете ги на 220С околу 20на минути.
Овие колачи спаковани во кутија можат да траат и цела седмица.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови