Рецептот веќе неколку години го подготвувам, овој пат пробав да ги подготвам без да ги пуштам во зовриена вода (процедурата за правење на варен ѓеврек)туку ги посолив со сусам и веднаш ги печев. Јас сум презадоволна крцкави, вкусни и најбитното брзи.
Подготовка.
Во сад за месење сипете ги течните смеси, водата треба да биде млака, додадете го квасецот, солта и шеќерот замесете средно меко тесто и оставете да стаса околу еден час. Од тестото формирајте околу 60 топчиња и секое топче обликувајте го во форма на ѓеврек кои ги валкаме во сусам. Печеме на 220степени додека не добијат убава жолта боја. Откако ќе ги извадиме од рерната не ги покривајте оставете да се изладат.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани