30
дек
2012
Брза солена торта
1. Во еден сад се матат јајцата, потоа се додават јогуртот, маслото, брашното и прашокот за печиво.
2. Во друг сад се ренда кашкавалот и се сецка чајната салама на ситни парчиња.
3.Потоа чајната салама и кашкавалот се додават во приготвената смеса.
4.Кога ќе се изедначи смесата, се истура во подмачкана тава за печење.
5. Печиме околу 40 минути на 200°.
Овој рецепт е одличен за брзо приготвување на вечера, особено и ако ви налетат ненадејни гости. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови