Брза пита со спанаќ
Питава ја сретнав на интернет, ја испробав и ви ја препорачувам да си ја подготвите.
1. Пуштете ја рерната да се загрева и почнете со подготовка.
2. Со жица се матат јајцата, се додава маслото и млекото, потоа солта и пак се меша.
3. Претходно треба да ни е подготвен спанаќот, измиен и исечкан, сирењето издробено и сето се меша со лажица.
4. Во просеаното брашно се додава и пецивото и сето заедно се додава во претходново и се меша додека се изедначи смесата.
5. Смесата се става во тавче бр.26, се посипува одозгора со сусам и семиња, се пече на 200 степени 30 до 40 минути.
Забелешка
Јас употребив замрзнат свеж спанаќ, при ставање го кршев со раце.
Тавчето на делимано го подмачкав само малку со масло, а ако немате користете хартија за печење, или помастете и набрашнете го вашето тавче.
Лиценца: Сите права се задржани